Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На собраниска седница Законските измени за реорганизација на министерствата

/

пред 863 дена

Сподели преку :

Собранието денеска ќе ја одржи втората седница, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во образложението за предложените измени и дополнувања на Законот е наведено дека целта е да се изнајде начин што ќе овозможи нивно правилно функционирање, непоклопување на надлежностите и соодветна линија на отчетност врз основа на претходно дефинирани показатели на успешност на работа на институциите.

ВМРО-ДПМНЕ во средата ги предложи овие измени во Собранието по скратена постапка, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите пратеници да ги поддржат.

Со ваквите измени, според Мицкоски, ќе добиеме ефикасност, осовременување на владата во насока да се подобри животот на граѓаните.