Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трајковски го освои 22.место во скок во далечина на ЕП во Рим

/

пред 848 дена

Сподели преку :

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски финишираше на 22.место во скок во далечина на Европското првенство во атлетика што стартуваше денеска во Рим.

Нашиот натпреварувач денеска настапи во квалификациската група Б и оствари најдобар скок од 7,73 метри. Тоа беше доволно за тој да го освои 22.место во конкуренција на 29 скокачи на континенаталниот турнир. Само најдобрите 12 се квалификуваа за финалната рунда и борбата за медали.

Најдобар резултат денеска имаше Швајцарецот Симон Ехамер со 8,41 метри. Фаворитите како Матија Фурлани и Милтијадис Тентоглу беа трето, односно четврто место. Финалето е утре од 20 часот во дисциплината скок во далечина.

Вториот македонски претставник на Европското првенство во атлетика во Рим, Дарио Ивановски во сабота од 9 часот наутро ќе настапи на полумаратонската трка.

ФОТО: Игор Паневски