Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Четири медали за домаќинот на Европско првенство

/

пред 848 дена

Сподели преку :

По првиот ден од Европскиот шампионат во атлетика најтрофејна нација е Италија. Домаќинот на континенталното првенство освои две злата и две сребра, а три одличја им припаднаа на атлетичарите од Холандија.

Првиот златен медал на Италија и го донесе Антонела Палмисано во одење на 20 километри, а потоа првото место и припадна на Нина Батоклети во трката на 5000 метри.

Во фрлање диск најуспешен беше Словенецот, Кристијан Чех додека во фрлање ѓуле кај жените златото и припадна на Џесика Шилдер од Холандија.

Во мешаната штафета 4 пати по 400 метри сензационални победници се атлетичарите од Република Ирска пред Италија и Холандија.

ФОТО: Игор Паневски