Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Напаѓачот на данската премиерка доби 12 дена притвор

/

пред 866 дена

Сподели преку :

Напаѓачот на данската премиерка се здоби со 12 дена притвор. Тој при самиот напад бил пијан и под дејство на дрога при што истакнал дека не се сеќава на нападот.

39  – годишниот маж е странски државјанин, кој работел во Данска во последните три месеци. Тој ниту разбирал, ниту зборувал дански, но имал дански матичен број. Одлуката на судијата за притвор е донесена поради ризик дека обвинетиот би можел да избега од Данска.

Данската премиерка по нападот е со исчашен врат. Таа се пожалила на болки во вратот при што била пренесена во болница.

Тој ја турнал додека поминувал покрај неа и ја удрил. По нападот ттаа седнала во најблиското кафуле за да се соземе. Нападот се случил на плоштадот Култорвет , во пешачка зона во стариот дел на градот.

Напаѓачот веднаш бил уапсен. Од кабинетот на премиерката велат дека нападот ја потресол, но дека е прилично во добра состојба.

– Премиерката Мете Фредериксен вечерва беше нападната во Култорвет во Копенхаген од човек кој потоа беше уапсен. Премиерката е шокирана од инцидентот, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката без дополнителни детали.

Овој напад беше остро осуден од европските лидери. Едногласно велат дека ја осудуваат оваа агресија. Претседателската на Европската комисија пак, објави на твитер дека овој одвратен чин е спротивен на се за кое  веруваат и се борат во Европа.

Нападот се случи два дена пред Данска да гласа на изборите за ЕУ.Непосредно пред нападот, Фредериксен учествувала на настан во кампањата со водечкиот социјалдемократски кандидат Кристел Шалдемосе, јави данската ТВ2.

 

Марија Коцева