Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барселона по 12-ти пат европски првак, Хансен остана без трофеј во ЛШ

/

пред 846 дена

Сподели преку :

Ракометниот клуб Барселона славеше на завршниот турнир во Келн во Лигата на шампиони откако го победи Олборг во драматично финале со 31-30. За Каталонците ова е 12-ти трофеј европски првак и останува најуспешниот клуб во елитното натпреварување.

Во крајно неизвесен натпревар во кој Барселона имаше водство во најголем дел од 60-те минути, но ниту еднаш со повеќе од три голови разлика, нијансите го решија победникот.

Микел Хансен имаше шанса да го однесе натпреварот во продолженија со последниот шут, но топката заврши во пречката, па Барселона ја прослави победата. Со ова Данецот ја завршува богата клупска кариера без титула во Лигата на шампиони.

Мелвин Ричардсон со 8 голови и Дика Мем со седум беа најефикасни во редовите на Барселона, додека кај данскиот состав Микел Хансен имаше осум погодоци.