Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Второ европско злато за Ашер Смит

/

пред 846 дена

Сподели преку :

На третиот ден од Европското првенство во атлетика на програмата беа девет финални дисциплини.

Во претпладневната програма се одржаа полумаратонските трки во двете конкуренции, а во попладневната се поделија уште седум комплети на медали.

На 100 метри кај дамите триумф на Дина Ашер Смит која по пауза од  шест години повторно се искачи на највисокото место на подиумот.

Во скок во височина славеше Украинката, Јарослава Махучик, а на 1500 метри најбрза беше Клара Магин од Република Ирска.

Во трискок триумф на Ана Пелетиро од Шпанија, на 3000 метри со пречки прва низ целта мина Геси Фелиситас Краузе од Германија, а на 800 метри златниот медал му припадна на Французинот, Габриел Туал.

ФОТО: Игор Паневски