Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица американски професори нападнати со нож во Кина

/

пред 863 дена

Сподели преку :

Четири гостински  професори од американски универзитет се повредени во напад со нож во парк во североисточна Кина, потврди универзитетот.

Универзитетот Корнел, лоциран во американската сојузна држава Ајова, потврди за ДПА дека четворица професори, кои престојуваат во Кина како дел од партнерството со кинескиот универзитет, биле повредени „во сериозен инцидент за време на дневна посета“ на јавен парк во североисточниот кинески град Џилин.

„Ние сме во контакт со сите четворица професори и им помагаме во оваа ситуација“, рече ректорот Џонатан Бренд.

„Ниту еден студент не учествуваше во програмата“, додаде тој.

Според пишувањата на медиумите, викендов во Градскиот парк Беишан биле избодени четворица професори.