Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Холандија во паника: По Де Јонг и Копмајнерс нема да игра на ЕП 2024

/

пред 846 дена

Сподели преку :

Холандската фудбалска репрезентација ќе биде сериозно ослабена на Европското првенство во Германија со неиграњето на Френки де Јонг, кој дефинитивно отпадна од комбинација поради повреда.

Селекторот Роналд Куман има нова главоболка, бидејќи и Теун Копмајнерс ја напушти репрезентацијата поради повреда.  Фудбалерот на Аталанта се повреди сам при загревањето на пријателскиот натпревар со Исланд. Холандија остана без двајца клучни играчи од средниот ред на турнирот во Германија.

Јан Матсен доби дополнителен повик во репрезентацијата на „лалињата“.