Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Топ тема“ (11.06.2024) Ниту зголемениот праг за потписи не ги обесхрабрува независните за избори

/

пред 844 дена

Сподели преку :

Имаат ли шанса независните листи на следните избори? – Екоактивистите бараат Уставниот суд да ја оцени уставноста и законитоста на два члена од Изборниот закон кои се однесуваат на условите за поднесување на независни листи за советници, за градоначалници и за пратеници со кои се подигна прагот за собрани потписи за да поднесат листа.
За формирање партија се потребни 1.000 потписи, за кандидирање на независна листа три пати повеќе. Подло туркање на независните кон формирање партии е првата реакција на оние кои не сакаат да бидат под партиски стеги.
Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Лилјана Поповска од „Зелен институт“, Наташа Колеќевска Георгиевска од „Шанса за Центар“ и Татјана Стојановска од „Независни за Карпош“.