Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лидл го купи од Скопски пазар објектот на поранешен Бриколаж

/

пред 851 дена

Сподели преку :

Лидл Северна Македонија ДООЕЛ Скопје купи имот на Скопски пазар АД Скопје во Општина Гази Баба кај локацијата на поранешен Бриколаж за 9.564.485 евра.

За зделката информира Скопски пазар согласно Глава 6 од Правилата за котација на Берзата.

Надзорниот одбор на Скопски пазар ја донел одлуката за големата зделка на 18 април годинава.

На локацијата што е продадена од неодамна се одвиваат подготвителни градежни активности.

Лидл стартуваше со инвестиција во државава на 24 јануари годинава со изградба на логистичко-дистрибутивен центар во индустриската зона Речица.

Најавената инвестиција за логистичкиот центар е 80 милиони евра  и треба да отвори повеќе од 150 работни места