Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кулминира топлотниот бран во Грција, Акропол со часови затворен за туристите

/

пред 861 дена

Сподели преку :

Археолошките локалитети во Атина, меѓу кои и Акропол во периодот од 12 до 17 часот, ќе бидат затворени поради високите температури, а во текот на денешниот ден, според метеоролозите, ќе кулминира топлотниот бран, јави дописничката на МИА од Атина.

Во повеќе делови на Грција, прогнозите се дека температурата ќе биде над 40 степени.

Од Министерството за култура утрово соопштија дека археолошките локалитети пет часа ќе бидат затворени и препорачаа при посета на археолошките локалитети, „посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми како топлотна исцрпеност и топлотен удар“.

Поради високите температури, Акропол и вчера беше затворен од 12 до 17 часот.