Земјите членки на групата Г7 се договорија да доделат 50 милијарди долари на Украина до крајот на година од „замрзнатиот“ руски имот, соопшти француското претседателство.
Групата Г7 ќе креира Фонд за поддршка на Украина, користејќи приходи од „замрзнатиот“ руски имот, потсетува „Киев индепендент“.
Фондот, наводно, ќе биде основан во рамки на меѓународна организација, како што е Светската банка, со придонеси во форма на заеми за „исклучително забрзување на приходите“.
Иако западните земји „замрзнаа“ руски имот во вредност од 300 милијарди долари, сепак ќе можат да пристапат само до приходот кој го генерираат тие средства или отприлика 3,2 милијарди долари годишно.











