Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Француските левичарски партии заеднички ќе настапат на изборите во коалицијата „Народен фронт“

/

пред 860 дена

Сподели преку :

Француските левичарски партии соопштија дека постигнале договор за коалиција наречена Народен фронт, со која ќе учествуваат на претстојните избори што ги распиша претседателот Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент.

Во соопштението на Француската комунистичка партија, Екологистите, Непокорна Франција и Социјалистичката партија, се наведува дека „испишана е нова страница во историјата на Франција“ со нов фронт.

„Политичките сили кои го сочинуваат „Народниот фронт“ на 30 јуни и 7 јули ќе се појават пред Французите со владина програма и заеднички кандидати во изборните единици на Франција“, се наведува во соопштението.