Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силно невреме во Чиле предизвика штети и однесе еден живот

/

пред 860 дена

Сподели преку :

Поројните дождови зафатија големи делови од Чиле, оштетувајќи домови, поплавени патишта, прекин на електричната енергија и предизвикувајќи лизгање на кал во станбените области.

Повеќе од 2.000 домови беа оштетени, а 60.000 останаа без струја.

Во средата силните ветрови предизвикаа паѓање на големо дрво врз трактор, при што загина едно лице.

Чилеанските власти прогласија во  голем дел од земјата, вклучувајќи го главниот град Сантијаго и седум од останатите 16 региони вондредна состојба.

Во особено тешко погодениот регион Био Био јужно од Сантијаго, лизгањето на земјиштето затрупа десетици куќи чии жители беа евакуирани неколку часа претходно.

Во Виња дел Мар, крајбрежен туристички град популарен меѓу туристите, поплавите принудија на  евакуација  околу 150 луѓе.

Откако направи хаос на југот на земјата, атмосферскиот фронт – временски феномен кој ги комбинира топлите и студените воздушни маси што доведува до обилни врнежи – се пресели кон Сантијаго.

Како превентивна мерка, Министерството за образование нареди прекин на наставата во седум региони, вклучително и главниот град, до крајот на неделата.