Арената Дизелдорф, еден од стадионите на кои ќе се одиграат натпреварите од Европското фудбалско првенство, вчера беше претресен од 45 кучиња трагачи и околу 200 полицајци поради проверка за екслозивни направи и други опасни материи.
Мерката имаше за цел да ја зголеми безбедноста на играчите и гледачите и беше придружувана од министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија Херберт Реул.
На арената во Дизелдорф првиот натпревар ќе го одиграат репрезентациите на Франција и Австрија на 17 јуни, a покрај нив во групната фаза ќе се одиграат и натпреварите меѓу Словачка и Украина на 21 јуни и Албанија и Шпанија на 24 јуни.











