Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ниту 1,4 милијарди евра не го убедија Меси да се пресели во Саудиска Арабија: Семејстовото е поважно од парите

/

пред 840 дена

Сподели преку :

Претседателот на саудискиот клуб Ал-Хилал, Анмар Ал Хаили објави дека Лионел Меси не прифатил понуда од 1,4 милијарди евра. Ал-Хилал сакал да го доведе Аргентинецот минатото лето по истекот на неговиот договор со ПСЖ, но осумкратниот освојувач на „Златната топка“ без многу размислување ја одбил понудата.

„Ние всушност го исконтактиравме Меси на истекот на неговиот договор со ПСЖ. Му претставивме понуда од 1,4 милијарди евра, но играчот одби бидејќи неговото семејство сакаше да оди во САД. Беше изненадувачки што играчот успеа да одбие вака голема понуда заради неговото семејство. Не се двоумеше да одбие. Ние го почитуваме тоа, бидејќи семејството е поважно од парите“, рече првиот човек на Ал-Хилал. 

Меси потпиша со Интер Мајами на две и пол години, според кој заработува базична плата од 20,4 милиони долари годишно и плус спонзорски договори, па неговата годишна заработка е околу 54 милиони долари. По завршувањето на кариерата Меси ќе има и сопственички дел во акциите на Интер Мајами.