Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Романија ја декласираше Украина на ЕУРО 2024 (ВИДЕО)

/

пред 838 дена

Сподели преку :

Фудбалската репрезентација на Романија одигра фантастичен натпревар и дојде до убедлива победа од 3-0 против Украина во рамки на 1.коло од групата Е на Европското првенство.

Никулае Станчу стрелаше за 1-0 во 29. минута со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот. Во вториот дел,  Романците постигнаа два брзи голови. Најпрво во 53.минута Разван Марин зголеми на 2-0, а конечниот резултат само четири минути подоцна го постигна Денис Драгуш.

За Романија ова беше само втора победа во историјата на Европските првенства и прва по 24 години.