Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таеквондистката Рељиќ ја доби единствената покана од ИОК за настап на Олимписките игри во Париз 2024

/

пред 838 дена

Сподели преку :

Милијана Рељиќ ќе биде вториот македонски претставник на Олимписките игри во Париз по Дарио Иваноски. Таеквондистката ја доби единствената покана од Интернационалниот олимписки комитет за настап на најголемиот спортски настан.

Рељиќ изминатиот викенд стана европска клупска шампионка на натпреварувањето во Тирана, Албанија, каде до златото стигна со четири победи и без ниту една загуена рунда. На Европското првенство во таеквондо оваа година што се одржа во мај во Белград, Србија беше петта.

Токму овие одлични резултати и високиот рејтин ѝ ја донесоа поканата на Интернационалниот олимписки комитет за настап на Олимписките игри во Париз години. Интересно е тоа што ИОК доделува само една покана во таеквондо за жени, надвор од оние кои обезбедија норма за настап, па овој пат таа оди за Рељиќ.

Таа официјално е вториот македонски претставник во Париз по маратонецот Дарио Ивановски. Македонија ќе добие сигурно уште две покани, по една во машка и женска конкуренција во пливање, а од МОК информираат дека процесот на доделување покани не е целосно затворен, па можно е да имаме барем уште еден претставник во Париз.

За потсетување, на минатите Олимписки игри во Токио, Дејан Георгиевски освои сребрен медал во таеквондо.