Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху го распушти воениот кабинет – за војната во Газа ќе се советува со мала група на министри

/

пред 840 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го распушти шестчлениот воен кабинет. На таквата негова одлука претходеше излез од владата на поранешниот генерал и центрист Бени Ганц поради недостаток на план за Газа. Тоа ќе наиде на разочарување на тврдата политичка линија во земјата која бара продолжување на бомбардирањето на Појасот и покрај противењето на сојузниците.

Воениот кабинет беше формиран во раната фаза на војната во Газа, на 11 октомври лани, по приклучувањето на Ганц во владата на национално единство и израелската објава на војна на Хамас, како одговор на нападот на палестинската милитантна група на 7 октомври.

Нетанјаху сега се соочува со барањата на национално-верските партнери во коалицијата за нивно вклучување во воената влада. Но, евентуално таквиот потег би ги зголемил тензиите со маѓународните партнери, вклучувајќи ги и САД.

Израелскиот премиер се очекува да се советува за војната во Газа со мала група на министри, меѓу кои се и првиот човек на одбрана Јоав Галант и за стратешки прашања Рон Дермер кои и досега беа дел од воениот кабинет.

Вашингтон, во меѓувреме, продолжува со испораките на оружје за Израел и малку е веројатно дека Нетанјаху е подготвен да ги запре нападите во Газа.

Сашко Димовски