Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Словачка ја шокираше Белгија: Лукаку погоди два пати, но ВАР му ги поништи головите (ВИДЕО)

/

пред 840 дена

Сподели преку :

По убедливиот триумф на Романија од 3-0 против Украина, денеска имаше уште едно изненадување во групата Е на Европското првенство. Словачка ја шокираше Белгија со 1-0 во рамки на првото коло.

Стрелец на победничкиот гол за Словаците денеска во Франкфурт беше Иван Шранц уште во седмата минута, кога реагираше на одбиена топка по голема грешка на белгиската одбрана.

Тоа се покажа како конечен резултат иако Ромелу Лукаку погоди два пати за Белгија. Двата погодока на напаѓачот беа поништени од ВАР, првиот во 56.минута поради офсајд, додека вториот во 86.минута откако Луис Опенда играше со рака во зачетокот на акцијата.