Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако не се вложуваат во стратешки проекти, новите заеми само ќе го „билдаат“ долгот

/

пред 845 дена

Сподели преку :

Јавниот долг се “спушти“ под 60%. Во првиот изборен квартал од годинава тој изнесувал 58,6% од БДП.

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, веќе најави ново задолжување од 1 милијарда евра, сума која предизвика бурни реакции во јавноста и отвори бројни прашања во бизнис-економските кругови… Според нив, оваа сума отвора повеќе прашања.

Едно од нив е за што ќе се трошат парите?

Официјално, деталите за овој финансиски пакет се уште не се обелоденуваат но од она што се знае е дека се работи за заем со поволни услови и дека ќе биде договорен по принципот „влада со влада“.

Според дел од познавачите ново билатерално надворешно  задолжување од 1 милијарда евра не е добар чекор за македонската економија. Велат дека тоа би бил огромен дополнителен товар врз буџетот каде и како и да се потрошат тие пари, освен за враќање на старите долгови.

Со новата позајмица јавниот долг веднаш би пораснал на околу 67 отсто од БДП и тоа би ги влошило условите за идни задолжувања, но и сервисирањето на постојниот долг. Тоа би можело да го намали и постојниот, не така добар кредитен рејтинг од ББ, на нашата економија, се вели во анализата на Порталб.