Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија започнa со воените маневри во Тихиот Океан

/

пред 856 дена

Сподели преку :

Русија започна со поморски воени  маневри во Тихиот Океан, вклучувајќи вежби за противподморници и противвоздушни удари.

Соопштението дојде додека рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Северна Кореја со цел да се зацврсти стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг, поврзано со „нераскинливи врски на браќата по оружје“, како што рече севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Во вежбите учествуваат околу 40 пловни објекти и околу 20 хеликоптери и авиони.

Маневрите „ќе продолжат до 28 јуни во водите на Тихиот Океан, Јапонското Море и Охотското Море“, се наведува во соопштението на министерството.

Во различни фази, морнарите ќе вежбаат противподморничка војна, ќе изведуваат ракетни напади врз бродски групи на конвенционален непријател, како и ќе одбиваат напади со беспилотни летала и чамци без екипаж, нагласува Министерството.