Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Холандија и Франција први играа натпревар без голови

/

пред 836 дена

Сподели преку :

Во последниот дуел од денешната програма на Европското првенство во фудбал се одигра и првиот меч на кој мрежите мируваа на двете страни.

Во соочувањето на поранешните европски шампиони Холандија и Франција се заокружи втората рунда во Д групата, а со натпреварот без погодоци на крајот најголем губитник е Полска која по поразот од Австрија со 3:1 сега дефинитивно нема шанси за евентуално продолжување на натпреварите.

Претходно Австрија со головите на Траунер, Баумгартнер и Арнаутовиќ од пенал триумфираше над Полска за која единствениот гол го постигна Пјонтек.

На стартот од денешната програма Украина славеше над Словачка со 2:1.

Словаците поведоа со голот на Шранц, потоа во второто полувреме Шапаренко и Јаремчук и донесоа победа на Украина.

ФОТО: Игор Паневски