Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албанската фудбалска федерација се извини за однесувањето на Даку

/

пред 834 дена

Сподели преку :

Во исчекување на евентуалната санкција за неспортското однесување на Мирлинд Даку, Фудбалската федерација на Албанија и официјално се извини за искажаното по натпреварот со Хрватска на членот на националниот тим.

“Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот играч Мирлинд Даку, кој се случи по натпреварот меѓу Албанија и Хрватска. Разбираме дека среде спортско натпреварување емоциите растат, постапките на Мирлинд беа несреќна реакција на една исклучително напната ситуација.

Мирлинд Даку веќе изрази длабоко каење за своите постапки и упати јавно извинување. Тој ги разбира последиците од неговото однесување и ја презеде целосната одговорност. Овој инцидент не го одразува неговиот карактер ниту вредностите кон кои ние како федерација се придржуваме“, се вели во соопштението на Албанската фудбалска федерација.

Според се уште не потврдени информации евентуалната казна за Даку треба да се изрече денеска и таа ќе биде забрана за настап на еден натпревар.

ФОТО: Игор Паневски