Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешниот шеф на Европската инвестициска банка под истрага за корупција и злоупотреба на влијание

/

пред 850 дена

Сподели преку :

Поранешниот шеф на Европската инвестициска банка (ЕИБ) е под истрага за корупција и злоупотреба на влијание – обвиненија што тој ги отфрла како „апсурдни“, изјави денеска неговиот адвокат.

Вернер Хојер беше шеф на ЕИБ од 2011 до 2023 година.

Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО) во соопштение нагласи дека е во тек истрага во која се вклучени „две лица осомничени за корупција и злоупотреба на влијание, како и за злоупотреба на фондови на ЕУ“.

ЕППО со седиште во Луксембург не ги наведува имињата на двете лица, но адвокатот на Хојер (72) потврдил дека германскиот економист бил предмет на истрага.