Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Ракометарките пропуштија шанса за победа над Португалија

/

пред 831 дена

Сподели преку :

Женската ракометна репрезентација на Македонија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското јуниорско првенство што се одржува во Скопје против селекцијата на Португалија играше без победник 28:28.

Нашите ракометни надежи беа на прагот на победа и со два бода да го крунисаат одличниот настап, но за жал на крајот му овозможивме на противникот да освои бод.

Во македонската репрезентација денеска блескаа голманката Матеја Чурлиновска со 19 интервенции додека Сара Стефановска беше стрелец на девет гола.

Македонија се уште има шанса за пласман во четвртфиналето, но само доколку утре ја совладаме Црна Гора, а Исланд триумфира во соочувањето со Португалија.

ФОТО: Игор Паневски