Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Северна Кореја измината ноќ лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја

/

пред 849 дена

Сподели преку :

Северна Кореја во текот на ноќта лансирала околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.

Тоа е петто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, пренесува Јонхап.

Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и други отпадни материјали, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Кјонги, соопшти Генералштабот на корејската армија.

На повиците на Јужна Кореја да се престане со ваквата пракса која ја загрозува безбедноста и мирот меѓу двете земји Северна Кореја одговори дека ваквата пракса е изразување на мислата и правото на нејзино јавно искажување, право на говор.