Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фрапар ќе и суди на Струга ТЛ во Братислава

/

пред 829 дена

Сподели преку :

Европската фудбалска асоцијација ги објави имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на првите натпревари од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Струга на стартот ќе гостува во Словачка каде ќе се соочи со тимот на Слован Братислава. УЕФА реши на овој натпревар правдата да ја дели најдобрата арбитерка меѓу дамите Французинката, Стефани Фрапар која на последниот Мундијал во Катар го судеше дуелот меѓу Германија и Костарика, а беше главна на натпреварот од Супер купот во 2019-тата.

Фрапар пред четири години влезе во историјата и како прва дама беше делегирана на еден дуел од шампионската лига во кој се сретнаа Јувентус и Динамо Киев. Мечот меѓу Слован и Струга се игра на деветти следниот месец и почнува во 19 часот.

ФОТО: Игор Паневски