Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Олеснување за добивање на државјанство, можност за поседување и на двојно – стапува на сила новиот закон во Германија

/

пред 847 дена

Сподели преку :

Во Германија од денеска стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето на германско државјанство. Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владеачка трипартитна коалиција, му дава можност на лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Зачувувањето на државјанство на земјата на потекло досега беше можно само за граѓаните од другите земји од Европската унија (ЕУ).

Според законските измени кои стапуваат на сила, луѓето кои ги исполнуваат сите други услови можат да аплицираат за германско државјанство по пет години престој во Германија. Досега условот беше осум години престој. Децата кои се родени во Германија од родители странци ќе добијат германско државјанство, доколку едниот родител легално престојувал на германска територија пет години.