Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фон дер Лајен ќе ја задржи својата, Антонио Коста го менува Шарл Мишел во ЕС – лидерите на ЕУ се договорија за главните позиции

/

пред 846 дена

Сподели преку :

Лидерите на ЕУ се договорија за главните позиции. Уште еден мандат за Урсула фон дер Лајен во ЕК, Антонио Коста ќе го замени Шарл Мишел во Европскиот совет, а Каја Калас доаѓа на местото на првиот дипломат Жозеп Борел.

„Мисијата е завршена. Европскиот совет испорача. Имавме важна тема што требаше да ја завршиме и ние го направивме тоа“, нагласи Мишел на прес-конференција по завршување на Самитот на ЕУ.

Европскиот совет ја усвои и Стратешката агенда за правците и целите на ЕУ за следите пет години.

Претседателот на Европскиот совет порача дека ЕУ мора да ја заврши својата домашна задача во процесот на внатрешни реформи, но исто така бара и од оние земји што сакаат да и се придружат да го спроведат нивниот дел во реформите за да постигнат напредок на полето на проширувањето.

Стратешката агенда се базира на три столба – почитување на демократските вредности, зајакнување на конкурентноста како парадигма на економскиот развој и зголемена ефикасност на европската одбрана.