Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште еден убиен новинар во Мексико

/

пред 845 дена

Сподели преку :

Во Мексико е убиен новинарот Виктор Кулебро Моралес (39), кој беше главен уредник на порталот за вести Realidades со повеќе од 20.000 претплатници на Фејсбук.

Телото на Моралес е пронајдено на пат меѓу градовите Ариага и Хикипилас, на југот на земјата, соопшти Обвинителството. Покрената е истрага за убиство.

На телото на новинарот имало траги од куршуми и удари, јавуваат локалните медиуми.

Моралес е син на политичар од државата Чиапас.

Од 1994 година, повеќе од 150 новинари се убиени во Мексико, земја зафатена од бран насилство поврзано со организиран криминал.