Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукал во полицаец, кој во самоодбрана го ликвидирал напаѓачот – инцидент пред Амбасадата на Израел во Белград

/

пред 845 дена

Сподели преку :

Српски полицаец, кој ја обезбедувал израелската амбасада во Белград, бил погоден со самострел во врат додека бил на должност. Сепак, успеал да пука во самоодбрана и да го ликвидира напаѓачот за кој, според првичните информации на медиумите, живеел во Нови Пазар.

Според министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ истакна дека повредениот полицаец е итно пренесен во Ургентниот центар во Белград, каде ќе биде опериран. Се огласи и израелското министерство за надворешни работи за кое денешниот настан во Белград го оквалификува како обид за терористички напад.

Случајот, како што наведуваат српските медиуми, ќе заврши во Обвинителството за организиран криминал, а полицијата истражува поврзаност на напаѓачот со вахабистите.