Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Четворица загинати, над 20 повредени – експлозија на плин во ресторан во Турција

/

пред 844 дена

Сподели преку :

Четири лица загинаа, а голем број се повредени во експлозија на плин во ресторан во западна Турција, соопштија локалните власти.

„Четворица наши граѓани ги загубија животите, голем број се повредени, а некои од нив во тешка состојба“, изјави Сулејман Елбан, гувернер на покраината Измир.

Бројката од четворица загинати ја потврди и градоначалникот на Торбали, град во кој се случи експлозијата, додавајќи дека се повредени околу 20 луѓе. Фотографиите од местото на настанот покажуваат и оштетувања на фасадите на зградите.