Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Холанѓанките ја освоија бронзата, Португалија петта на јуниорското СП во Скопје

/

пред 825 дена

Сподели преку :

Пред големото финале во арената Борис Трајковски денеска се играа мечевите за пласман од третото до осмото место на Светскиот јуниорски шампионат во ракомет во женска конкуренција.

Репрезентацијата на Холандија го освои третото место откако во решавачкиот натпревар за бронзата ја совлада Данска со 34:28.

Претходно Португалија во меч за петтата позиција славеше над Шведска со 26:25, а во дуелот за седмото место Исланд забележа победа од 29:26 во соочувањето со Швајцарија.

ФОТО: Игор Паневски