Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Демонстрации во Франција по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори

/

пред 839 дена

Сподели преку :

Демонстрации против француската крајнодесничарска партија Национален собир, повикани од крајната левица, доцна синоќа се претворија во судири со полицијата и немири во центарот на Лион, јавија француските медиуми.

Левицата повика на демонстрации откако беше објавено дека Националниот собир води во првиот круг од парламентарните избори со околу 34 отсто освоени гласови.

Демонстрации имало и во Рен и Рије-ле-Папу, а се известува и дека имало немири во париското предградие Бобињи.

Вториот круг од вонредните парламентарни избори ќе се одржи на 7 јули.