Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Нирнберг убиен маж кој со нож нападнал полициска патрола

/

пред 843 дена

Сподели преку :

Почина маж, кој вчера со нож нападна тројца полицајци во град во близина на Нирнберг, во Германија, откако беше застрелан од полицијата на железничка станица во градот, изјави портпаролот на полицијата.

-Тој починал на самото место на нападот, во јужниот град Лауф ан дер Пегниц, и покрај итните мерки за прва помош, изјави портпаролот.

Според полицијата, напаѓачот најпрвин нападнал полициска патрола. Кога полицајците излегле од возилото, тој тргнал кон нив со оружјето.

-Во нападот вклучен беше и нож, рече портпаролот.

Портпаролот додаде дека нема повредени полицајци и не даде детали за тоа колку истрели биле испукани, кој испукал или каде бил погоден човекот.

Претставникот на полицијата, исто така, првично не го коментираше идентитетот на напаѓачот или заднината на неговиот напад.