Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција со автогол ја елиминираше Белгија и стигна до четвртфиналето (ВИДЕО)

/

пред 824 дена

Сподели преку :

Фудбалската репрезентација на Франција се пласираше во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство откако денеска со минимални 1-0 ја победи Белгија.

„Триколорите“ уште еднаш покажаа немоќ во напаѓачкиот дел од играта па единствениот гол беше дело на дефанзивецот на Белгија, Јан Фертонген, кој си постигна автогол по ударот на Рандал Колу Муани.


Интересно е тоа што Французите кои се едни од главните фаворити на турнирот на досега четири одиграни натпревари немаат постигнато гол од игра. Од вкупно три голови, два се автоголови и еден е дело на Килијан Мбапе од пенал против Полска.

Во четвртфиналето, Франција ќе се соочи со победникот од вечерашниот дуел помеѓу Португалија и Словенија.