Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шолц изрази загриженост за политичката ситуација во Франција

/

пред 837 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост за политичката ситуација во Франција, каде екстремно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен освои најголем број гласови во првиот круг од изборите.

Како што наведуваат светските агенции, ова е првпат Шолц, да изрази јасен став за политичката ситуација во Франција.

Германија и Франција го сочинуваат столбот на Европската унија и политичките промени во двете земји би можеле да ја нарушат рамнотежата.

Поддршка за екстремно десничарската партија е забележана и во Германија, каде „Алтернатива за Германија“ моментално е на второто место во анкетите.

Вториот круг од парламентарните избори во Франција ќе се одржи за време на престојниот викенд.