Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американец отишол во Русија да ја запознае мајка си. Сега доби 12,5 години затвор

/

пред 839 дена

Сподели преку :

РУСКИ суд осуди американски државјанин на 12,5 години затвор во казнена колонија со максимални безбедносни мерки. 32-годишниот Роберт Вудланд беше уапсен во јануари во Москва, а обвинителството го обвини дека се обидел да продаде голема количина метадон.

Неговиот адвокат потврди дека Вудланд делумно ги признал обвиненијата. Вудленд, кој е роден во Русија и посвоен кога имал две години, отпатувал во Русија во 2020 година за да ja запознае  неговата мајка.

Неговото патување беше документирано од  руска ТВ програма за реалност.

Вудленд беше прогласен за виновен за обид за продажба на дрога во големи количини, пренесе Би-Би-Си.

Како што соопшти московското обвинителство, било утврдено дека Вудланд, „дејствувајќи во организирана група на 3 јануари 2024 година, по инструкции на организаторите, во шумска област, во парк, во градот Митиша, во Москва регионот, од скривницата одзел поголема количина на наркотична дрога мефедрон – 46,91 грама“.

Дрогата ја пренел во стан во Москва, каде што ја спакувал во 49 пакетчиња за понатамошна нелегална продажба.

Додека се обидувал да ја продаде дрогата, Вудленд бил приведен.