Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново убиство од автомобил во движење, овојпат во Тетово

/

пред 834 дена

Сподели преку :

Нова автомобилска заседа и ликвидација се случи во државата. Убиство се одигра во Тетово, во сопствениот автомобил е застрелан маж. Убијците биле со мерцедес и избегале.

Од полицијата кратко одговорија за новото убиство:

-Во 20.35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.Штипска едно лице, кое било со возило марка мерцедес пукало кон возило марка БМВ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот, одговорија од МВР.

Повеќе медиуми на албански јазик објавија дека станува збор за продолжение на стара пресметка меѓу две групи и дека денешното убиство е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци кпга исто така имаше настрадани.

Минатата недела, слично убиство се случи во скопско Батинци, а убијците избегаа со автомобил по заседата и се уште не се пронајдени.