Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судири со полицијата, палење и насилство во повеќе градови по вториот круг од парламентарните избори во Франција

/

пред 836 дена

Сподели преку :

Судири со органите на редот и вандалски акти биле пријавени во Париз, Лион, Нант и Рен во текот на ноќта по вториот круг од парламентарните избори.

Во француската престолнина биле подметнати  пожари, а полицајци биле мета на пиротехнички средства на Плоштадот на Републиката, објави „Фигаро“. Полицијата се судри со група маскирани лица со качулки „кои очајнички се обидуваа да ги испровоцираат органите на редот“, додава весникот.

Претходно во оваа област имаше митинг на приврзаниците на левичарскиот „Новиот народен фронт“, кој победи на парламентарните избори во Франција.

Во Нант, демонстрантите фрлаа шишиња и бомби кон полицијата, која одговори со солзавец. Службеник за безбедност се здобил со изгореници при напад со шише со запалива течност.

Префектурата Рен објави 31 апсење за акти на вандализам.