Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 1,5 милиони луѓе без струја – ураганот „Берил“ направи пустош во Тексас

/

пред 836 дена

Сподели преку :

Повеќе од 1,5 милиони луѓе во Тексас останаа без електрична енергија по налетот на ураганот „Берил“ од правец на Мексико и Карибите кон таа американска држава, објави веб-страницата PowerOutage.

Како што е наведено, 1.537.649 жители на Тексас од утрината останале без струја, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Ураганските ветрови од речиси 120 километри на час го погодија брегот на Тексас, додека најсилните се забележани во градот Фрипорт (151 километар на час).

Метеоролошка станица во Хјустон на надморска височина од речиси 69 метри утрината регистрира налет на ветер од 81 километар на час. Националната метеоролошка служба ги повика жителите на повеќекатните згради „да не излегуваат на балконите и да се држат подалеку од прозорците“.