Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху објави листа на барања за кои нема преговори со Хамас

/

пред 835 дена

Сподели преку :

Додека израелскиот тим се подготвува да отпатува за Каиро и за Доха, каде ќе се разговара за ослободување на израелските заложници, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху објави четири точки за кои не може да се преговара со Хамас.

Меѓу четирите израелски барања наведени од кабинетот на Нетанјаху, првото е дека секој потенцијален договор мора „да му дозволи на Израел да се врати во борбите додека не ги постигне сите цели на војната“.

Исто така, договорот да не дозволи шверц на оружје од Египет во Појасот Газа, како и „враќање на илјадници вооружени терористи на северот од малата енклава“.

Четврт услов е планот со кој Израел може да ги врати заложниците да не ги загрози другите цели на војната.

Условите на Нетанјаху, во клучната фаза пред продолжувањето на преговорите предизвика огорченост во Израел, но и кај преговарачите, при што некои го обвинија премиерот дека се обидува да го саботира досега тешко постигнатиот напредок.

Обновените разговори за ослободување на заложниците во Египет и во Катар уследија откако Хамас на 6 јули соопшти дека е подготвен да разговара за тоа прашање, како и за крај на војната во Појасот Газа, без претходно да побара од Израел да се обврзе на „целосен и траен прекин на огнот“.