Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милош Копривица е ново засилување за МЗТ Скопје под кошевите

/

пред 812 дена

Сподели преку :

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје денеска го промовираше најновото засилување за следната сезона, српскиот центар Милош Копривица.

Се работи за искусен 29-годишен кошаркар, кој кариерата ја почна во Партизан, а потоа играше и за Мега. Тој освен во елитната АБА-лига има искуство и во втората лига, бидејќи играше за Ловќен, Подгорица и Сутјеска. Минатата сезона настапуваше во унгарски Капошфар од каде се сели во редовите на македонскиот првак.

Копривица е второто засилување за „металците“ ова лето по Американецот Брендон Слај. Претходно договорот со составот од Аеродром го продолжи Марко Баковиќ, како и браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Договори со клубот имаат и Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.