Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Погачар ја преслуша конкуренцијата и ја зголеми предноста на „Тур де Франс“

/

пред 813 дена

Сподели преку :

Тадеј Погачар славеше на 14-тата етапа на „Тур де Франс“ и значително ја зголеми предноста во генералниот поредок.

Словенецот денеска беше најбрз на планинската етапа од 151 километар и низ целта мина со време од 4 часа, 1 минута и 51 секунда. Зад него финишираа најголемите конкуренти Јонас Вингегард со 39 секунди послабо време, додека трет беше Ремко Евепул.

Погачар и натаму ја има жолтата маичка како лидер во генералниот поредок, а сега со поголема предност пред Вингегард од 1 минута и 57 секунди, додека Евенепул доцни 2 минути и 22 секунди.

Утре на програмата е 15-тата етапа, која исто така ќе биде планинска од Луденвил до Плату де Беил во должина од 197 километри.