Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорческа ќе игра во финалето на фјучрс турнирот во Рим

/

пред 812 дена

Сподели преку :

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа  се пласираше во финалето на фјучрс турнирот во Рим откако попладнево ја победи Петра Марчинко од Хрватска во три сета со  (5-7, 6-2, 6-1).

За Ѓорческа ова е второ финале годинава по она во март во Ларнака, Кипар, а вкупно 35.то во кариерата.

Во финалето на турнирот со награден фонд од 75.000 долари Македонката ќе ги одмери силите со Оксана Селехметева од Русија, која денеска со убедливи 2-0 во сетови (6-0 и 6-2) ја победи втората носителка Леа Бошковиќ од Хрватска.