Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп пуштен од болница, полесно повреден во десното уво

/

пред 812 дена

Сподели преку :

Едно лице загина а две се во критична состојба откако беше извршен обид за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на митинг во Пенсилванија.

Трамп, кој беше погоден во десното уво, изрази шок и жалење за жртвата и повредените на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.

Веднаш по пукањето Трамп беше пренесен во локалната болница и по санирањето на повредата бил пуштен. Од неговата кампања соопштија дека поранешниот претседател ќе продолжи со планираните активности и ќе присуствува на републиканската конвенција идната недела, каде официјално ќе биде потврдена неговата кандидатура.

Според првичните информации, обидот за атентат бил извршен од едно лице кое било во зграда во близина на митингот. Тој беше застрелан од агенти на Тајната служба, откако уби едно лице од публиката и повреди две други.

Полицијата соопшти дека го идентификувала напаѓачот, но не го откри неговиот идентитет.