Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зиркце пет години во дресот на Манчестер јунајтед

/

пред 811 дена

Сподели преку :

Џошуа Зиркце од денеска и официјално е нов фудбалер на Манчестер јунајтед откако го комплетираше трансферот од Болоња.

Холандскиот напаѓач потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“ со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона. Болоња ќе инкасира обештетување од 42 милиони евра, но дел од парите ќе одат и на сметката на неговиот поренешен клуб Баерн Минхен.

Лани Зиркце постигна 12 голови на 37 натпревари во Серија А и беше еден од најважните играчи во историската сезона на Болоња со пласманот во Лигата на шампиони и освојувањето на 5.место.

Холанѓанецот и официјално е првото летно засилување за Јунајтед, но и првиот играч кој пристигнува во клубот откако ИНЕОС групацијата го презема раководењето со трансфер-политиката на „Олд Трафорд“.