Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Погачар ја зголеми предноста на врвот на „Тур де Франс“

/

пред 811 дена

Сподели преку :

Тадеј Погачар триумфираше на 15-тата етапа на „Тур де Франс“ и тоа повторно пред двајцата најголеми ривали за жолтата маичка Јонас Вингегард и Ремко Евенепул.

Словенечкиот велосипедист до третата етапна победа сезонава, по 197,5 километри во планинските предели дојде со време од 5 часа, 13 минути и 55 секунди. Зад него со повеќе од една минута задоцнување финишираше Вингегард, додека трет беше Евенепул.

Во генералниот поредок, Погачар цврсто го држи првото место и жолтата маичка, па по денешната победа ја зголеми предноста што се изнесува три минути и 9 секунди пред Вингегард и пет минути и 19 секунди пред Евенепул.

Утре е слободен ден на „Тур де Франс“, а трката продолжува во вторник со 16.етапа  од Грисан до Ним.