Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иџе го освои второто место на трката во Италија

/

пред 811 дена

Сподели преку :

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе денеска го освои 2.место на трката во Италија во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Иџе во категоријата 1 во својата група 1 беше втор со вкупно време од 8 минути, 51 секунди и 62 илјадитинки по двете трки на Валекамоника. Победи Чехот Рони Братши, а трет беше Николај Златков од Австрија.

За Македонецот ова е трето второ место сезонава, а засега има една победа, остварена во Германија на минатата трка.

На 28 јули или за точно две недели во Полска се вози  седмата сезонска трка.